Костовски за ТВ 24: Со изведбата на коридорите, Македонија од кружен тек ќе стане раскрсница на Балканот
Мартин Костовски од СДСМ во емисијата „24 анализа“, на ТВ24 рече дека изградбата на коридорите е стратешки чекор на државата и историски чекор.
- Секоја политичка партија го имаше во предизборните програми, но не успеа да го реализира. Овој проект многу ќе значи за државата, за стопанството и бизнис секторот и Македонија од кружен тек ќе стане раскрсница на Балканот. Она што значеше промена на законските решенија во собраниска процедура значи доуредување на постоечките закони за побрзо и поквалитетно изедување на стратешките проекти. Оваа држава мора да оди напред, изјави Костовски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа