Нигериските сили убија 26 терористи од огранокот на Исламската држава
Нигериските безбедносни сили убиле најмалку 26 членови на терористичката група ИСВАП, која се смета за западноафрикански огранок на Исламската држава.
Официјален претставник на нигериското Министерство за одбрана, Муса Данмадами, соопшти дека безбедносните сили извршиле операција против ИСВАП во сојузната држава Борно, јави Анадолија.Тој додаде дека во операцијата се убиени најмалку 26 терористи и оти многу терористи се ранети.
За време на операциите биле фатени уште 25 лица и обвинети за логистичка поддршка на терористите.
ИСВАП е терористичка група формирана од Абу Мусаб ал Барнави, син на Мохамед Јусуф, основачот на терористичката организација Боко Харам во Нигерија.
По смртта на неговиот татко во 2009 година, Ал Барнави влезе во несогласувања со новиот лидер на Боко Харам, Абу Бакр Шекау, се раздели од него, го основа ИСВАП и воспостави соработка со терористите на ИД, додава Анадолија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа