Предлог-законот за стечајните работници пред пратениците
Во Собранието денеска во рамки на 74 седница пратениците ја продолжија расправата за Предлог-законот за материјално обезбедување на невработени лица поради приватизација на претпријатијата со општествена и државна сопственост. Со Законот треба да се реши статусот на околу 6.000 лица кои останале без работа по основ на прогласување на стечај, ликвидација или технолошки вишок во претпријатијата во кои работеле.
- Со донесувањето на овој закон за материјално обезбедување на невработени лица поради приватизација на претпријатијата со општествена и државна сопственост треба да им се реши статусот на лицата кои останале без работа по основ на прогласување на стечај, ликвидација или технолошки вишок во претпријатијата во кои работеле. Според нашите проценки нивниот број е околу 6.000 и за исплата на надоместокот се неопходни по 7,5 милиони евра годишно, рече Маријанчо Николов од СДСМ на вчерашната седница.
Пратеникот Самка Ибраимоски од Партијата за целосна еманципација на Ромите вели дека политиката треба да се остави на страна и да се даваат предлози со цел да се реши проблемот на стечајните работници.
Пратеничката Светлана Карапетрова од ВМРО-ДПМНЕ рече она што СДСМ го прави со поднесувањето на еден ваков закон е лицемерно бидејќи стечајните работници се создадени во времето на владеење на СДСМ, а сега истите тие се стремат да им го решат проблемот.
Собранискиот спикер Трајко Вељановски по барање на пратеничката група на ДПА даде еден час пауза.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа