Лица со попреченост во Неготино сликаа виножито на денот на музеите
Лица со попреченост во Неготино сликаа виножито во рамки на одбележувањето на 18 Мај - Меѓународниот ден на музеите, информираше Драгица Чекорова, директорка на неготинскиот градски музеј.
- По повод 18 Мај, меѓународниот ден на музеите, Музеј на град Неготино заедно со „Порака" од Неготино, организираше ликовен хепенинг, што се реализираше во дворот на музејот. На ликовниот хепенинг се создаваа ликовни дела од страна на лицата со попреченост од „Порака", тие цртаа со боите на виножитото. Целта на настанот е да покажеме дека различноста спојува, а не раздвојува и дека сите луѓе имаат можности, само треба да се препознаат тие можности и да им се даде поддршка да бидат креативни, соопшти Чекорова.
Таа додаде дека целта на овој хепенинг, исто така, е, лицата со попреченост, како и сите други, да го меморираат 18 Мај како меѓународен ден на музеите, а воедно и да ја доживеат атмосферата на создавање ликовни дела.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа