Маричиќ на средба со Копман и Матуела: Во интерес на граѓаните е да останеме на европскиот пат, важно е да продолжат реформите

 

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ денеска се сретна со генерален директор на Генералниот директорат за соседска политика и проширување на Европската комисија (ДГ НЕАР), Герт Јан Копман и вршителот на должноста директор за Западен Балкан во Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување на Европската комисија, Микела Матуела.

На средбата се разговараше за скрининг процесот, можноста за напредок во преговорите за пристапување во ЕУ и спроведувањето на реформската агенда.

Во таа насока, вицепремиерот Маричиќ изрази очекување за натамошна поддршка од европските институции за реформската агенда и процесите кои се пред нас на патот кон ЕУ, укажувајќи дека тоа е ќе придонесе да го задржиме европскиот курс на државата, но и на стабилноста на целиот регион.

Копман и Матуела ја истакнаа потребата максимално да се искористи скрининг процесот како механизам за забрзување на клучните реформи и за напредок во преговорите за пристапување во ЕУ.

Вицепремиерот Маричиќ се заблагодари за континуираната поддршка и одличната соработка која ја имаме со европските институции, потенцирајќи дека посветено Владата работи на евроинтеграциите и продолжување на пристапните преговори, со цел како што рече Маричиќ „да ја направиме извесна европската иднина на македонските граѓани“.

18.05.2023 - 17:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега