Пригожин: Еден од загинатите борци на Вегнер е Американец

 

 

 

Јевгениј Пригожин, сопственикот и лидер на руската паравоена формација Вагнер, денеска изјави дека американски државјанин загинал во борбите за градот Бахмут.

На социјалната мрежа Телеграм е објавена снимка каде што се гледа како лидерот на групата го прегледува телото на мртвиот војник, додека во рацете држи американска лична карта.

„Ќе го предадеме на САД, ќе го ставиме во ковчег, ќе го покриеме со американско знаме со почит, бидејќи не умре во кревет како стар човек, туку загина во војна. Тоа е најверојатно е достоинствена смрт, зарем не?“, вели Пригожин на снимката.

Видеото е снимено во Бахмут во текот на ноќта, со позадински звуци од минофрлачки напад, и се слушаат војници кои велат: „Во засолниште! Минофрлачки напад од западна страна“.

Американските медиуми додаваат дека групата Вегнер често објавува видео снимки со пропагандни цели.

16.05.2023 - 20:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега