Реките во тетовскиoт регион пред излевање, со багери се прошируваат коритата на Пена и Поројска река

 

 

Зголемено е нивото на водите во река Пена и Поројска река во Тетовскиот регион, објави Центарот за управување со кризи.

Од страна на локалната самоуправа е активиран регионалниот штаб за справување со кризи и на кризните точки веќе се испратени два багери за расчистување и проширување на коритото на река Пена во долниот дел од градот и од страна на Водостопанство на Македонија ПО Тетово се интервенира на Поројска река на регионалниот пат Тетово-Јажинце, велат од ЦУК.

Исто така, од сабота ќе се интервенира со два помали багери на коритото на Речичка река кај наплатната рампа на автопатот Тетово -Гостивар и на другите критични точки. За настанатата состојба со подигнатото ниво на водите РЦУК Тетово е во постојана соработка со ДЗС Тетово и Водостопанство на Македонија ПО -Тетово, од каде известија дека засега имало само помали излевања од каналите за наводнување и се работи на чистење на истите. Нивото на река Вардар во полошкиот регион е зголемено, но засега нема пријава за излевање. Состојбата се следи.

16.05.2023 - 15:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега