Украдени 6000 евра и злато од куќа во Гостивар
Уште една тешка кражба деновиве во Гостивар. Ограбена е куќата на 45-годишниот Д.И. лоцирана на улицата ЈНА.
Засега непознат сторител со употреба на подесен алат го отворил балконскиот прозорец одзел 6.000 евра и разновиден златен накит.
Полицијата работи на случајот.
11.12.2013 - 13:11
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа