Нова празнична понуда од ВИП - големи поволности за претплатниците
– И оваа зима Вип ги изненадува своите постпејд корисници и им нуди можност да добијат или подарат постпејд линија со 50% намалена претплата. Имено, со секој нов постпејд договор или обнова на постоечки договор на 24 месеци, корисниците добиваат ваучер за уште една линија со 50% намалена претплата, со која се добиваат сите предности што ги нуди соодветниот Vip Free+ тарифен модел.
- Во овие претпразнични мигови им нудиме на нашите корисници на атрактивните Vip Free+ тарифни модели несекојдневна можност да добијат ваучер со промотивна месечна претплата со 50% попуст, кој може да го искористат за себе или да го подарат некому. Ова е сезона на дарување и празнување и со оваа промоција Вип им нуди на своите корисници навистина неограничена комуникација и повеќе уживање, изјави Џакомо Тоњони, Главен маркетинг директор на Вип.
Секоја нова линија или обнова на 24 месеци добива ваучер со 50% попуст за нова линија во текот на 24 месеци со соодветен Vip Free+ тарифен модел, кој е со иста или пониска месечна претплата како и линијата за која е доделен ваучерот. Попустот на месечната претплата се однесува на целокупното времетраење на договорот од 24 месеци. За линиите активирани со ваучер не следува издавање дополнителен ваучер.
Повеќе информации корисниците можат да добијат на телефонскиот број 077 1234 или на www.vip.mk.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа