Ковачевски: Парите на граѓаните ги вложуваме во нивната иднина, во безбедни патишта
Парите на граѓаните ги вложуваме во нивната иднина, во безбедни патишта, квалитетна инфраструктура и подобри, конкурентни работни места. Инвестираме во капитални проекти од историска важност. Не само што ги поврзуваме градовите и регионите, туку ја поврзуваме и државата со околните земји и светот преку модерна инфраструктура која ќе привлече многу странски туристи и инвеститори. Прв пат по 30 години преку модерна инфраструктура се поврзуваме со Исток и Запад, со нови пристаништа во Драч и во Бургаз и ги зајакануваме транспротните врски во регионот, порача премиерот Димитар Ковачевски пред денешното поставување на камен-темелникот за автопатот Прилеп - Битола на Коридорот 10д, долг 39,3 километри.
Овој проект, како што напомена Ковачевски, е траен влог и наследство за следните генерации.
-Изградбата на коридорите 8 и 10д значи нови 8 000 работни места, нови инвестиции од 1,3 милијарди евра и номинален раст на БДП од два отсто во наредните пет години на годишно ниво. Се отвораат можности за нови бизниси, за изградба на објекти од различни дејности и со тоа дополнителни нови работни места. Коридорите 8 и 10д досега беа само на хартија. Овие проекти се од национален и стратешки интерес, а придобивки ќе имаат граѓаните, економијата и државите што ги поврзува овој коридор, истакна премиерот.
Според него, изведбата на делницата заедно со автопатите од Коридорот 8 се најголемата капитална инвестиција во земјава што ќе биде пресвртница во развојот на државата.
-Со оваа инвестиција Северна Македонија од кружен тек ќе стане вистинска крстосница на Балканот. Ја позиционираме земјава на економската и инфраструктурната карта на Европа, напомена Ковачевски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа