Јордан изврши воздушни напади врз Сирија: Убиен познат нарко бос и неговото семејство
Јорданските сили денеска извршија воздушни напади врз јужна Сирија, во кои беше убиен познатиот сириски наркобос Мари ел Ратман.
Покрај Ел Ратман, според Ројтерс, загинало и неговото семејство.
Ел Ратман е еден од најголемите дилери на дрога во Сирија и регрутирал стотици бедуински транспортери за да им се придружат на иранските милитанти кои ја имаат власта во јужна Сирија, пишува британската агенција.
Во последните години, јорданските судови во неколку наврати го осудуваа на смрт во отсуство поради трговија со дрога.
Во друг напад, беше погодена фабрика за дрога, која наводно ја платила Хезболах.
Од друга страна, владата на сирискиот претседател Башар ал Сад и Хезболах негираат вмешаност во производство и трговија со дрога.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа