Со хеликоптер на МВР спасен скопјанецот кој падна во провалија на Матка
Како што веќе објавивме, утринава од карпите на Горна Матка, во провалија паднал 39 годишниот планинар З.П. од Скопје.
Откако несреќата била пријавена во 10:30 часот, МВР ангажираше хеликоптер за да се спаси повредениот скопјанец.
Според последните информации, З.П. бил пренесен во Ургентниот центар во Скопје, каде е задржан на лекување поради сериозноста на повредите.
ФОТО: Нова Македонија