Евакуирани четворица Македонци од Судан
Четворица македонски државјани се евакуирани од Судан, соопшти Министерството за надворешни работи.
- Евакуацијата е реализирана со асистенција на Саудиска Арабија, за што упатуваме искрена благодарност. Евакуираните граѓани на Република Северна Македонија во моментот се наоѓаат во градот Џеда, Саудиска Арабија. Нашата амбасада во Абу Даби е во постојана комуникација со тамошните власти, во насока на нивно враќање во Северна Македонија. До сега се евакуаирани вкупно 4879 лица, од кои 139 се Саудијци, а другите се од 96 земји од целиот свет, меѓу кои и од Европа, САД, а од нашиот регион освен Северна Македонија, се и Грција и БиХ, велат од МНР.
Оттаму апелираат сите македонски државјани да ја контактираат Амбасадата на Македонија во Абу Даби или во Каиро.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа