Повторно запален Куранот во Данска, осквернавено и турското знаме

 

Член на групата „Patrioterne Gar Live“ (Патриоти во живо) во Данска, која, според турската новинска агенција „Анадолија“, е позната по своите исламофобични и ултранационалистички ставови, ги сквернави Куранот и турското знаме пред турската амбасада во Копенхаген.

Провокаторот, кој држеше антиисламски транспаренти и извикуваше слогани со навреда на исламот, го пренесуваше во живо провокативниот чин на Твитер.

На провокацијата реагираа турските гласачи кои дојдоа да гласаат во амбасадата на изборите за претседател на Турција.

Еден од турските државјани се соочил со интервенција на данската полиција кога од земјата го подигнал турското знаме и го предупредил провокаторот.

Сквернавењето на Куранот веќе се случи оваа година во Данска, Шведска и Холандија.

29.04.2023 - 16:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега