(ВИДЕО) Светот во шок: Мистериозна светлина на небото на Украина
Мистериозен блесок, кој го осветли небото над главниот град на Украина, Киев, предизвика многу шпекулации, пишува Би-би-си.
Синоќа, на небото над Киев е забележан објект, соопшти регионалната воена управа. Тие на „Телеграм“ наведоа дека украинските сили за воздушна одбрана се подготвени да го урнат објектот. Тие ги повикаа жителите да останат во засолништата. Украинскиот пратеник Олексеј Гончаренко на „Твитер“ потврди дека е забележан силен блесок на светлина над областа, но не се слушнала експлозија.
Официјални лица во Киев изјавија дека се сомневаат дека сателит на НАСА паднал на Земјата, но американската вселенска агенција изјави за Би-би-си дека нивниот сателит сè уште е во орбитата. Украинските воздухопловни сили сугерираат дека блесокот би можел да биде метеорит. Како и да е, воздухопловните сили изгледаат уверени дека блицот не бил резултат на руски напад.
Светлечкиот објект е забележан на небото над главниот град околу 22 часот по локално време (21 часот по наше).
Активирана е тревога за воздушен напад, но „воздушната одбрана не беше активна“, изјави Серхи Попко, шеф на воената администрација во Киев, на „Телеграм“. „Според прелиминарните информации, овој феномен е резултат на падот на вселенскиот сателит на НАСА на Земјата“, изјави Попко.
Американската вселенска агенција претходно оваа недела објави дека сателитот тежок 300 килограми повторно ќе влезе во атмосферата в среда. Вселенското летало RHESSI, кое се користеше за набљудување на сончевите блесоци, беше лансирано во ниската орбита на Земјата во 2002 година и деактивирано во 2018 година, објави НАСА.
Но, Роб Маргета од канцеларијата за комуникации на НАСА за Би-би-си изјави дека сателитот сè уште бил во орбитата кога бил забележан блесокот и дека повторно ќе влезе во атмосферата на Земјата во текот на ноќта. НАСА и американското Министерство за одбрана продолжија да го следат RHESSI, додаде тој.
More video of the strange flash in #Kyiv.
We are awaiting official information from the Ukrainian Air Forces. pic.twitter.com/n55vzhlv5k
— KyivPost (@KyivPost) April 19, 2023
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа