Тинејџер од Охајо почина поради предизвик на „ТикТок“: Проголтал 14 таблети, а другарите го снимиле
Тинејџер од Охајо почина по предозирање со Бенадрил за предизвик на „ТикТок“.
Телото на Џејкоб Стивенс почнало да се грчи откако 13-годишното момче проголтало големо количество лек за алергија додека неговите пријатели снимале за да видат што ќе се случи. Трендот „Бенадрил предизвик“ покажува дека тинејџерите голтаат до 14 таблети за да предизвикаат халуцинации, а потоа објавуваат видеа од нивното искуство на социјалните мрежи.
Џејкоб итно бил префрлен во болница бидејќи неговото тело почнало да се гасне, а неговото семејство решило да го симнат од апарати за одржување, шест дена подоцна откако му престанала функцијата на мозокот.
Таткото на тинејџерот, изјавил дека сега е посветен да ги предупредува родителите и тинејџерите за опасностите од социјалните мрежи и објави слика од Џејкоб на апарати за одржување во живот во болницата за да ја прошири свеста.
„Тоа беше премногу за неговото тело“, изјави Џастин.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа