Ги трошиме парите во Грција - Македонците трети најчести посетители на Солун

 

Солунскиот градоначалник Јанис Бутарис кој денеска престојува во посета на Скопје, на прес-конференција изјави дека по Русите и Украинците, Македонците се најчести посетители и потрошувачи во Солун. Најголем дел од Македонците во Солун доаѓаат на одмор, шопинг и викенд.

Бутарис денеска во Стопанската комора на Македонија говореше и за оштетувањето на регистарските таблички со ознаки МКД што беше особено евидентно за време на летните одмори. Тој истакна дека тоа е дело на криминалната организација „Златна зора“ чии членови, речиси половина, се во затвор: - Екстремистите постоеле и ќе постојат. Такви фанатични ситуации треба да спречат зашто зад нив не стои цела Грција, истакна Бутарис, одговорајќи на новинарско прашање.

Солунскиот градоначалник изјави дека проблеми постоеле и ќе постојат секогаш, но ако има расположение, ќе се решат.

Градоначалникот на Солун денеска, пред претставници на повеќе од 70 македонски и околу 100 грчки компании во Стопанската комора, апелира на потребата од интензивна соработка.

10.12.2013 - 14:58

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега