Маричиќ: Симболиката на Велигден поттик за обединување и охрабрување на патот кој ќе нè движи напред
Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ по повод денешниот христијански празник, Велигден, испрати честитка на сите православни верници со порака на обединување околу вистинските вредности, кои ќе нè движат напред.
- Споменот на Христовото воскресение е темел на христијанската вера која нè задолжува да сме обединети околу вистинските вредности, кои ќе нè движат напред и повикува на дела на грижа и солидарност во исполнувањето на задачите кои стојат пред нас, стои во честитката на Маричиќ.
Маричиќ напиша дека со посветеност на натамошното градење на просперитетна и интегрирана Северна Македонија, пораката за обнова и живот треба да биде поттик и за заеднички пристап кон европската иднина и напредок на државата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа