МНР: Македонија и понатаму ќе се залага за почитување на човековите права

 

Во соопштението на МНР по повод 10 декември-Меѓународниот ден на човековите права, се вели дека Македонија и понатаму ќе продолжи да се залага за достојно почитување на човековите права со цел исполнување на стандардите и овозможување на сите луѓе во светот да ги уживаат правата пропишани  со Универзалната декларација за човекови права, Виенската декларација и  останатите меѓународни инструменти за промоција и заштита на човековите права и основни слободи.

- Почитувањето на човековите права е основен предуслов за мирот,  безбедноста, економскиот развој и правдата. Заедно со мирот, демократијата и  развојот тие претставуваат  водечки принципи  на 21- от век. Луѓето ширум светот бараат почитување на правдата, дигнитетот, еднаквоста, права пропишани со Универзалната декларација за човекови права. За жал, се уште постојат и земји каде звукот на оружјето не стивнува и каде е загрозено правото на живот, слобода и  сигурност, информира МНР.

10.12.2013 - 14:09
Фото: 
Нетпрес

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега