ЦУК со романска донација го реновираше своето седиште

 

 

Завршена е имплементацијата на Договорот за донација од Романската агенција за меѓународна развојна соработка (РоАид) од 8 септември 2022 година, со којшто се донирани 20.000 евра наменети за Центарот на управување со кризи. Со донацијата е извршена реконструкција на седиштето на центарот.

- Одлучивме со тие пари да инвестираме во реконструкција на главната зграда на Центарот за управување со кризи во коешто се наоѓа седиштето на центарот и во којашто работат поголем дел од вработените, рече денеска на орес-конференција директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.

Тој информираше дека со реконструкцијата опфатени се бојадисување на објектот, како и  замена на осветлувањето со штедливи и еколошки светилки со што вработените добиле подобри услови за работа.

Ангелов потсети дека за време на големите пожари што ја зафатија земјава пред две години, од страна на Романија испратен е противпожарен авион којшто значително помогнал во гасењето на пожарите во Малешевијата, како и на неколку други локации.

Амбасадорката на Романија во земјава, Адела Моника Аксинте, изрази надеж дека со овој проект Романија ќе даде значаен придонес во ефикасното функционирање на ЦУК.

-Ова е уште еден придонес кон напорите на Северна Македонија за приклучување во Европската Унија, нешто што Романија целосно го поддржува, посочи Аксинте.

05.04.2023 - 13:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа