Младата манекенка Малена Дивчева починала од рак

 

По кратко боледување утрово за жал животот го загуби македонската манекенка Малена Дивчева. Штипјанката боледувала од рак на грлото и последните два месеци престојувала во болница во Скопје каде се лекувала, но за жал ја загубила битката со животот.

Како што пренесува Курир, карциномот за кратко време се проширил и на другите делови на телото, по што младата девојка ја загубила борбата.

Освен што е позната по модните писти и титулата Мис Лето 2010, убавата штипјанка беше дел и од голем број музички спотови на фолк и поп пејачи.

10.12.2013 - 13:00

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега