Полицаец демолирал кафеана во Тетово
Полицаец демолирал кафеана во Тетово. Како што инфомрира полицијата, вчера околу 19:30 часот во угостителскиот објект „Кафе“ лоциран на улицата 180 во Тетово, дошол 29 годишниот М.Д. вработен во тетовската полиција и заедно со уште три лица почнале да го демолираат локалот. М.Д. зел столица и почнал да удриа по инвентарот при што го искршил кафенатот, два телевизори и неколку столици, по што си заминал. Додека полицаецот демолирал, во објектот приле присутни персоналот и гости. Случајот бил пријавен во полиција, а полициските службеници веднаш излегле на терен а го известиле и Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди при МВР.