Јовески: Во последните години таргет за вработување се граѓаните од албанската етничка заедница
Во последните години таргет за вработување се граѓаните од албанската етничка заедница и затоа, тие поинаку гледаат на работите, вели за Детектор универзитетскиот професор и Претседател на комисијата за труд и социјала на ВМРО-ДПМНЕ Лазар Јовески коментирајќи ја разликата во перцепциите на граѓаните Македонци и етнички Албанци.
„75% од граѓаните сметаат дека вработувањата пред избори се предизборна манипулација ако направите дистинкција помеѓу граѓаните од македонската и граѓаните од албанската заедница има големи разлики, и во претходните анкети, тоа според мене е затоа што таргет за вработување во последните години се граѓаните од албанската заедница и тие малку можеби поинаку гледаат како заедница, како група на целиот овој процес. Тоа не треба да се крие, тоа треба да се каже јасно и гласно, Можеби така се погодиле нештата, можеби намерно, можеби ненамерно“, вели Јовески за Детектор.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа