ВМРО-ДПМНЕ: Владата на Заев, со Филипче како министер, помогнала набавка на мазут со 15 милиони евра народни пари

 


СДС и ДУИ целиот свој мандат
, го потрошија да постават лица во судството и обвинителството кои ќе ги штитат нивните криминални активности, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„СДС треба да се освети и да размисли, а ако не знаат да прашаат како тече постапка за осомничени за кривични дела.

Нивниот претседател Венко Филипче иако беше министер за здравство заклучно со 16 јануари 2022, око не му трепнувало додека седел во владата на Зоран Заев и давал зелено светлo, како и пари од буџетот за набавка на канцероген мазут.

Владата на Заев во која Филипче е министер за здравство, за само една набавка на канцероген мазут во висина од 22 милиони евра, ја помогнала со 15 милиони евра народни пари.

Филипче и Заев ем го краделе, ем го труеле народот“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

13.03.2025 - 14:49

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега