Хајредини за црната листа на САД: Ѝ ја затворија устата на Агелер да не зборува за корупција

 

Во интервју за „Макфакс“ поранешниот министер за финансии со оценка за тоа кој од македонските функционери и политичари би можел да се најде на американската црна листа.

Никогаш нема да биде ништо од тоа, вели Хајредини, сè додека не се реши проблемот со уставните измени.

Потсети на зборовите на американската амбасадорка Агелер, која во својата платформа се заложи прва задача да ѝ биде борбата со корупцијата во државата.

„Најави дека ќе дојде тим за санкции, во ДУИ ги фати паника. Но, што се случи и дали случајно тројца високи функционери на Стејт департментот еден по еден дојдоа за да ја релативизираат состојбата и да ѝ ја затворат устата на Агелер. Ѝ рекоа, остави ја таа работа, кого го интересира корупцијата“, појаснува Хајредини.

Од странците, додава тој, не може да очекуваме да ни ги решат ајдуците.

Оценува дека политичарите и функционерите, за да се спасат да не одат во затвор и да одговараат за корупција, го користат моментот за уставните измени.

Странците да кажат, дециден е Хајредини, каде на друго место има вакви регулативи како во Македонија.

„Бербок вели седнете со опозицијата да се договорите, ама дали може да го направат тоа кога се во заемна амнестија“, додава тој.

Со остри критики за првиот човек на Правда, Лога: Оној што не знае ништо, одлучува за сè, а не одговара за ништо.

31.03.2023 - 21:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа