Најтежок облик на дискриминација утврден во две основни училишта: Родители испишуваат деца за да не учат со Роми
Народниот правобранител констатирал зголемување од 20 проценти на покренати преставки за повреда на човековите права и слободи во споредба со минатата година. Најголемо повредување на правата имало кај детските права.
Од покренатите постапки во 683 постапки, народниот правобранител констатирал повреда на човековите права. Како и претходната, така и во 2022 година, трендот на прво место според бројот на поднесени преставки е во областа на правосудството.
„ И тоа 534 преставки или 16,64 % од вкупниот број на преставки. Потоа се потрошувачките права со над 10%, па работни односи, детските права, имотно правните односи…“ изјави тој и додаде дека според констатирани повреди, најголем број имало во детските права.
Издвои два примери каде е утврден најтежок облик на дискриминација, односно сегрегација во две основни училишта. Едно во Битола и едон во Штип. Се работи за ОУ. Ѓорги Сугаре во Битола и ООУ. Гоце Делчев во Штиоп, каде има паралелеки составени претежно од ромски деца.
„ Овие училишта зачестено издаваат согласности за запишување на ученици, најчесто од македонска етничка заедница, во други општински училишта, иако според местото на живеење го опфаќаат реонот на горенаведеното основно училиште. На тоа инсистираат родителите кои не сакаат нивните деца да учат со Роми. Апелирам до овие две општини и училиштата да престанат со праксата на издавање на исписници од училиштата зошто процеост на инклузивност е еден од најзначајните процеси за елиминирањето на дискриминацијата“ порача народниот правобранител.
Меѓудругото, го нагласи проблемот со немањето доволно образовните асистенти за учениците со попреченост.
„Дел од нив останаа без поддршка. Се додека за овој проблем не се најде системско и трајно решение, родителите ќе треба сами да се грижат за своите деца или да платат асистенти што е спортивно на конвенцијата за правата на децата“ рече тој.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа