Министерот за правда Кренар Лога оствари средба со В.Д амбасадорот на Германија, Ото Граф
Германија ја поддржува Република Северна Македонија на патот кон евроинтегративните процеси. На денешната средба на министерот за правда Кренар Лога со В.Д амбасадорот на Германија ,Ото Граф се разговараше за уставните измени, односите со Бугарија,актуелните состојби во паросудството.
Министерот Лога го информираше Граф дека Преамбулата во Уставот е приоритет и дека се очекува во наредниот период да се формира експертска група која ќе ги подготви измените.
Се дискутираше и за идејата за подготовка на нов Изборен законик и формирањето на работната група која се очекува да се комплетира наскоро и да ја утврди методологијата на работа. Граф беше информиран за законодавната агенда во Собранието, Стратегијата за реформи во правосудството 2023-2027, ветингот и електронската распределба на предметите во јавните обвинителства,
В.Д амбасадорот на Сојузна Република Германија, Ото Граф потенцира дека ги поддржува сите напори и иницијативи поврзани со интеграцијата на земјава во ЕУ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа