„Сите сме Јана“ - Протест на кој се бара вистината за смртта на 6-годишното девојче од Битола

 

„Сите сме Јана“! Под ова мото битолчани утре излегуваат на голем протест за прераната смрт на шестгодишното девојче Јана Христовска од битолско Кравари кое минатата недела почина во битолската Клиничка болница по примена инфузија, информира „Независен“.

Протестот е закажан за 19 часот на плоштадот „Магнолија“ во Битола, а организатори се семејството, роднините и пријателите на Христовски.

 

Семејството Христовски не е задоволно од извештајот на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, кој соопшти дека нема грешки во лекувањето на Јана и дека без оглед на примената инфузија и високиот шеќер во крвта, Јана починала од застој на срцето.

28.03.2023 - 11:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа