Трет ден по ред протест на вработените од Министерството за култура - бараат повисоки плати
Вработените од Министерството за култура, Управата за културно наследство и Агенцијата за филм денеска пред Влада ќе одржат протест, со кој повторно кој ќе го изразат незадоволството од своите месечни примања. На протестот, кој почна во петокот, а се одржа и вчера пред Министерството за финансии, беше испратен апел за средба со министерот за финансии, Фатмир Бесими.
Тие бараат потпишување на колективен договор и зголемување на платите по примерот на Министерството за финансии.
Претседателот на синдикалната организација при Министерството за култура, Бранко Костовски на протестот во петокот изјави дека Синдикалната организација при Министерството за култура веќе има изготвено Предлог-текст на колективниот договор, кој предвидува објективно и коректно покачување на платите на вработените, за кој минатата година Министерството за финансии даде негативно мислење. Но по само неколку дена, како што напомена, со Законот за буџетите се утврди зголемување на платите од 30 отсто за вработените во Министерството за финансии.
претседателот на Синдикалната организација при Министерството за култура на УПОЗ, Бранко КостовскиБранко Костовски Фото/МИА
– Платите на речиси 70 отсто од вработените во овие три институции се под просечната плата во државата, а разликата со платите на вработените на исти позиции во установите од областа на културата е и по 10 илјади денари. Со плата од 25 илјади денари која ја земаат во просек 70 проценти од вработените во секторот култура, месецот не може да се преживее, додаде Костовски.
Тој останува на ставот дека ќе бидат присутни секој ден во голем број, се до остварување на целта – соодветна валоризација на трудот на вработените во овие институции.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа