Еве кои патишта се проблематични

 

Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци во Републиката се одвива тековно, претежно по суви коловози. Мали остатоци од кашест снег има само на повисоките осојничави места,но не претставуваат проблем за одвивање на сообраќајот. Поради студеното време можни се и подмрзнувања на коловозите.

Во клисурите и усеците можни се помали одрони, особено на патните правци: Кочани - Делчево, Виница - Берово, Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија - Удово и Катланово-Велес.

Дежурните екипи на ЈП Македонијапат се на терен и редовно ги оддржуваат проодни сите патни правци.

10.12.2013 - 09:05

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега