Претседателот Пендаровски прими претставници на Македонското археолошко друштво
Претседателот Стево Пендаровски денеска прими претставници на Македонското археолошко друштво.
На средбата, соговорниците го запознаа претседателот Пендаровски со нивната работа и активности, при што ги пренесоа и предизвиците со кои се соочува археолошката фела и институциите за заштитата на културното наследство и високо-образовните институтуции кои имаат студиски програми од оваа област. Во таа насока, посочија дека нивна цел е стручно работење во заштитата на културното наследство и во доменот на археолошката струка и наука.
Претседателот Пендаровски истакна дека работата и активностите на археолозите придонесуваат во областа на заштитата на културното наследство на нашата земја, нагласувајќи дека е потребно да се изнајде решение за нивно нормално и професионално функционирање без политички, или какви било притисоци.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа