АППРСМ: Отвораме јавен повик за спроведување на бесплатни стандардизирани менторски услуги во мали и средни претпријатија

 

Агенцијата за поддршка на претприемништвото на РСМ – АППРСМ објавува Јавен повик за спроведување на бесплатни стандардизирани менторски услуги во мали и средни претпријатија (МСП ).

Целта на менторските услуги е обезбедување на навремена поддршка на претпријатијата во клучен момент за нивниот понатамошен развој, по методологија развиена и применувана во Јапонија.

Корисниците на менторските услуги заедно со менторот ќе работат на анализа на моменталната состојба во која се наоѓа претпријатието, утврдување на клучните сегменти во кои е потребна поддршка, преточени во акциски план за надминување на истите, како и помош во решавањето на некои од нив.

Mенторите се квалификувани лица со овластување да ги спроведуваат услугите врз основа на успешно завршени менторски обуки од областа на дијагностика на претпријатија, финансиски менаџмент, маркетинг, развој на бизнис план, управување со производство, деловна комуникација и развој на човечки ресурси.

Системот на менторски услуги е развиен и стандардизиран во соработка на АППРСМ и Јапонската агенција за меѓународна соработка (JICA) во 2018 година и се спроведува во соработка со Регионалните Центри за деловна поддршка во седум региони на територијата на Република Македонија, од каде иницијално доаѓаат и менторите.

Услугата се спроведува веќе 5 години, со вкупен опфат од 186 корисници, кои изразија задоволност и оценија дека менторството им помогнало во работењето.

Јавниот повик е отворен до 31 март 2022 година.

Право на учество на јавниот повик имаат микро, мали, средни претпријатија кои се занимаваат со производствени или услужни дејности.

Менторските услуги се бесплатни за избрани корисници кои ги задоволуваат условите и критериумите дефинирани со Јавниот повик објавен на интернет страната на АППРСМ:

http://www.apprm.gov.mk/Javen_Povik-Mentorstvo

За избраните корисници – постојни претпријатија се одобруваат 50 менторски часови, а за почетните претпријатија 25 менторски часови.

Пријавата може да се преземе од интернет страната на АППРСМ: Пријава или во Регионалните Центри за деловна поддршка - Контакти каде истата се поднесува заедно со придружните обрасци и документација.

Повеќе информации на https://www.facebook.com/mentoringmacedonia/ или обратете се на е-пошта, [email protected].

16.03.2023 - 13:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега