300 илјади евра по преговарач, 20 илјади евра месечно за надзорен инженер - вртоглави суми за надзорот над „Бехтел и Енка“
Претходната недела, на 8 март, Владата го потпиша договорот со „Бехтел и Енка“. За 1,3 милијарди евра, американско-турскиот конзорциум треба да гради делови од коридорите 8 и 10-д.
Но, за да има договор за потпишување, Владата прво мораше да избере консултант. Првиот обид пропадна бидејќи испадна дека зад водечката фирма во избраниот конзорциум стои руски капитал и тоа блокиран поради санкции, пренесува 360 степени.
„Сите средства на оваа компанија беа во руска банка и не успеаја да дадат банкарска гаранција.“ изјави првиот заменик на премиерот, Артан Груби, на вториот, на хартија успешен обид, заврши со избор на конзорциум предводен од италијанската „ИРД инженеринг“. „Призма“, „Алсат“, но и ВМРО-ДПМНЕ објавуваа дека една од фирмите до неодамна имала негативни референци, дека газда на друга е гонет во Ерменија, дека трета добила лиценца за надзор додека траел рокот за поднесување понуди на тендерот.
Анализата на договорот што ја направи „360 степени“ покажува дека она што на јавноста ѝ се претставува како надзор од меѓународни експерти, всушност, е само завеса зад која доминантно стојат домашни кадри.
Целата анализа прочитајте ја ТУКА.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа