Унгарија испраќа нови полициски единици во Македонија и Србија: Опремени со моќни уреди

 

 

Унгарската полиција испраќа нови единици во Македонија и Србија, со цел да се спречи влез на илегални мигранти во Унгарија и на територијата на ЕУ.

Унгарија испраќа 30 полицајци во двете земји, со што ги поддржува активностите поврзани со чување на границите на земјите од Западен Балкан.

На веб-страницата на унгарската полиција е наведено дека главна задача на полицијата е патролирање со цел спречување и откривање илегални мигранти, илегални гранични премини и шверцери на луѓе.

„ Нашите колеги нема да служат само во непосредна близина на границата, туку и во подалечни области. Екипите ќе патуваат со теренски службени возила, а ќе користат и рачни уреди за ноќно набљудување, како и рачни и мобилни термални камери“, се наведува на сајтот.

Унгарските полицајци ги извршуваат своите должности под контрола и надзор на органите за спроведување на законот во земјата домаќин.

09.03.2023 - 13:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега