Димитриевски: На следните избори ќе дадеме шанса на креативни и докажани луѓе што ќе знаат да направат резултати
„Ние на следните избори ќе дадеме шанса на луѓе кои првенствено сакаат да бидат креативни, докажани во сите општествени сегменти, потврдени и луѓе коишто ќе знаат да направат резултати. Не бегаме од искуството, секако е потребно“, ова го потенцираше градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски во интервјуто за Макфакс.
Тој истакна дека граѓаните сакаат да ги водат луѓе што имаат одговорност и самокритичност.
„Видете, ако вие правите организации, излезе една слика мислам завчера на социјалните мрежи пишува нема леб, а на масата една софра, јадење и пиење колку сакаш. Таа власт така владееше и затоа некои од нив се сега во странство побегнати и сега на мала врата се обидуваат повторно да се вратат. Но, видете, македонскиот народ и граѓаните на Македонија немаат амнезија, многу добро помнат што тоа ни се случуваше. Но, кога ги споредуваат овие денеска и оние од минатото единствената придобивка на денешните им е полна уста, имате слобода, демократија, слобода на говор, може да не критикувате. Па, ние не се боревме само за тоа. Каква слобода на говор? Па гледам јас преку мојот случај многу убаво нотирав се, еден ден тоа ќе излезе во мемоари, ќе пишуваат и се, податоци, не сакам да ја оптеретувам јавноста со тие проблеми бидејќи сум многу помалку важен во овој момент во однос на она што се случува со државата. Државата не се менаџира, државата е пуштена во слободен пад и едноставно секој гледа да изнајде начин како да приграби повеќе, да си го докапитализира личниот капитал и потоа веројатно повторно да замине како мене што ми велеа одредени поединци“, рече Димитриевски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа