Се клукаме со Диазепам - секој втор Македонец искористил по едно пакување

 

Во првите 6 месеци годинава биле издадени 8.845 368 во вкупен износ од 1.050 084 772 денари. Или, секој граѓанин добил по 4 рецепти за лекови. Бројката на рецепти е поголема од истиот период во 2012 и 2011 година.  И понатаму  еналаприл и диазепам се најкористените лекови.  За еналаприл биле издадени над 800 000 рецепти а за диазепам околу 400 000. За лекот пентоксифилин ФЗОМ дал најмногу пати – 36.965.374денари. Голем број на издадени рецепти или 251.858 има и за лекот ранитидин, пишува Здравство24

Заклучокот на ФЗОМ е дека снабдувањето на осигурените лица со лекови на рецепт на товар на ФЗОМ во ПЗЗ во континуитет оди во нагорна линија, а доказ за тоа е постојаното зголемување на бројот на реализирани рецепти. Исто така, се забележува зголемување на вкупните износи потрошени за лекови на рецепт на товар на ФЗОМ кои бележат значаен пораст.  Референтните цени на лековите и распределбата на финансиските лимити (квотите) на аптеките позитивно влијаат на потрошувачката на лековите на рецепт за ПЗЗ.  Забележителни се и разлики на потрошувачката на лекови по Подрачни служби на ФЗОМ. На потрошувачката влијаат пропишувачките навики, структурата на населението и други фактори.

09.12.2013 - 14:49

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега