Со помош на Светската банка ќе се градат три улици во Пехчево

 

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставревски, денеска по работната посета на Кочани, работно го прошета и Пехчево. Вицепремиерот информираше дека е потпишан договор за кредит од Светска банка за изградба на три улици во населените места Панчарево и Робово во должина од три километри, вреден 125 илјади евра или околу 7,7 милиони денари.

Вицепремиерот Ставрески најави дека соработката на Владата со општините продолжува и во наредната година.- Подготвени сме да ги поддржиме сите квалитетни проекти за подобрување на комуналната инфраструктура во населените места.

Инаку, општината Пехчево со грантови од Светската банка го реши и проблемот за собирање на сметот со набавка на специјално возило за ЈКП „Комуналец“.

09.12.2013 - 14:42
Фото: 
либертас

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега