„Денеска жртви мора да паднат“ - дојавите за бомби пристинале до 17 скопски објекти

 

„Нема да застанеме додека корумпираната власт на СДСМ не се тргне. Властите веќе ЗНААТ што треба да прават, но тоа не го прават. Писмото беше пратено одамна. Затоа денес жртви МОРА да паднат“. Ваква закана пристигнала на 17 електронски адреси во објекти во Скопје, каде во моментов се врши евакуација на граѓаните.

Утрово вистински хаос се случува во главниот град, бидејќи се евакуира скоро цел. Дојави за бомби се пристигнати и во Вилата на претседателот, Уставниот суд, различни музеи, молови и други објекти.

„360 степени“ информира дека е стигната закана на електронската пошта на медиумот, а и на неколку други. Порталот ја открива заканувачката порака која им пристигнала. Била испратена од мејлот [email protected].

 

Пораката, во чиј наслов е наведено „закана“, освен на електронските адреси на медиумите, е испратена и на мејлот на Министерството за внатрешни работи.

„Нема да застанеме додека корумпираната власт на СДСМ не се тргне. Властите веќе ЗНААТ што треба да прават, но тоа не го прават. Писмото беше пратено одамна. Затоа денес жртви МОРА да паднат. Во здружение со нашите следбеници ги миниравме следните локации во главниот град (Скопје) со експлозивни динамити:

  • Музеј на Град Скопје (МГС)
  • Музеј ММБ на Адреса 11-ти март, Скопје
  • Природнонаучен Музеј на Македонија бул. Илинден 83
  • Археолошки музеј на Македонија Кеј Димитар Влахов 1000
  • Спомен Куќа / Музеј на Мајка Тереза
  • ГТЦ Градски Трговен Центар Скопје
  • Шопинг центар East Gate Mall
  • Трговски центар Бисер
  • Станбена зграда Агора Флатирон
  • Станбените кули Џевахир
  • Управен суд на Македонија Даме Груев 6, Скопје
  • Куќата на Претседателот – Вила Водно

На следниве локации е поставен GPS контролиран цевчест експлозив:

Хотел Марриот (Плоштад на Скопје),

Хотел Александар Палас,

Спортски Центар Борис Трајковски,

Централна Железничка Станица Скопје,

Зградата на Фудбалска Федерација на Македонија (ФФМ)

„А доколку денешниот МАСАКАР не биде доволен, ќе минираме МНОГУ повеќе локации во следните денови. Нема да престанеме додека власта е на потег. Направете ја Вистинската Одлука. Нема да застанеме додека корумпираната власт на СДСМ не се тргне. Властите веќе ЗНААТ што треба да прават, но тоа не го прават. Писмото беше пратено одамна. Затоа денес жртви МОРА да паднат“, стои во заканата, пренесува 360 степени. 

Од Министерството за внатрешни работи пак велат дека сите објекти се евакуирааат, а специјалците вршат антитерористички проверки. 

21.02.2023 - 10:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега