Се празнат 10 училишта - нови дојави за бомби
Нови дојави за бомби утрово празнат 10 училишта, од кои две во Прилеп, а осум во Скопје информираа од Министерството за внатрешни работи.
„Денеска (20.02.2023) до 09:30 часот е пријавено дека на електронските адреси на 8 училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа. Исто така, добиена е закана и во две училишта во Прилеп“, информираат од полицијата.
Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите, се вели во соопштението на МВР.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа