Детектор: 74% од граѓаните сметаат дека во Македонија законот не важи подеднакво за сите
73,9% од граѓаните велат дека во Македонија законот не важи подеднакво за сите, додека неселективност во правдата гледаат само 17,3%, покажува последната анкета која за Детектор ја спроведе Институтот за политички истражувања – Скопје.
Споредбата на оваа анкета со анкетата која ИПИС за Детектор ја спроведе пред 4 години покажува дека нема некоја значителна разлика, иако постои благ раст на граѓани кои денеска сметаат дека законот не важи подеднакво за сите. И по ова прашање значително се разликуваат ставовите ако се направи анализа на етничката структура на испитаниците. Па така, 81,8% од Македонците сметаат дека законот не важи подеднакво за сите, додека ваков став делат 51% етнички Албанци.
Гледано по региони, во вардарскиот и источниот регион над 90% од анкетираните сметаат дека правдата е селективна додека на југоистокот и во полошкиот регион ваков став делат околу 60% од истпитаниците.
Истражувањето на јавното мислење за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје врз репрезентативен примерок од 1115 испитаници во периодот од 01 до 04 февруари оваа година.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа