Детектор анкета: Етничките Албанци имаат поголема доверба во правосудниот систем од Македонците

 

Две третини од граѓаните не веруваат дека во Македонија може да се добие фер и правично судење а близу три четвртини се на ставот дека законот не важи подеднакво за сите, покажува последната анкета која за #Детектор ја спроведе Институтот за политички истражувања – Скопје.
Според неа,  65,7% од граѓаните се на ставот дека Во Македонија не може да се добие фер и правично судење додека во спротивното се убедени 19,3%.


Македонците и етнички Албанци комплетно различно гледаат на ова прашање, иако во мнозинство се согласуваат дека фер судење во Македонија не може да се добие. Сепак додека ваков став делат 73,2% од Македонците, „само“ 42% етнички Албанци сметаат дека не можете да добиете фер судење за разлика од 32,7% кои се на ставот дека во Македонија може да ви биде судено во фер постапка. Овој процент кај етничкте Македонци е спуштен на само 14,8%.


Истражувањето на јавното мислење за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје врз репрезентативен примерок од 1115 испитаници во периодот од
01  до 04 февруари оваа година.

 

19.02.2023 - 16:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега