Пониски цени на струја поради максимално домашно производство

 

За првпат во последните 15 години од вкупните потреби на електрична енергија во Македонија, 87% се обезбдени од домашните производствни капацитети, пишува РАЦИН.мк.

Последните податоци велат дека само 13% се обезбедени од увоз, за разлика од вообичаените 30% во просек порано. Ваквите резултати пред се се должат на заштедата на електрична енергија, но и на зголемувањето на домашните капацитети за производство.

Владиниот советник за енергетика Виктор Андонов вели дека домашното производство на електрична енергија е стабилно и во целост ги задоволува потребите на сите потрошувачи.

- Владата и во 2023 година продолжува со спроведување на планот за полесно справување со енергетската криза кој вклучува, зголемено домашно производство на електрична енергија и непречено снабдување на граѓаните со електрична и топлинска енергија, вели Андонов.

Според РАЦИН.мк цената на струјата да не се зголемува придонесе тоа што државата ги ангажираше сите капацитети за домашно производство на електрична енергија.

 Од 14-ти јануари годинава РЕК Битола започна да работи со целосен капацитет, односно со своите три блока, ТЕЦ Неготино пак, започна да работи со полн капацитет во декември минатата година. ТЕЦ Осломеј, како дел од рударско енергетскиот комбинат РЕК Осломеј, е втора термоелектрична централа според инсталирана моќност во државава која своевремено учествуваше со приближно 10% во вкупното домашно производство на електрична енергија.

Освен зголемувањето на домашното производство, властите апелираа и на заштеда на електрична енергија. Според првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски, повиците вродиле со плод.

18.02.2023 - 10:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега