Системот на ФЗО е „киднапиран“, хакерите бараат откуп

 

ИТ системот на Фондот за здравство е хакиран со помош на вирусот ransomware, а хакерите барале откуп за да го ослободат. Ова го изјави премиерот Димитар Ковачевски во текот на вчерашниот ден.

-Се работи за напад со ransomware. Тоа е дел од хибридната војна која се води моментално во Европа, покрај класичната војна што се води во Украина со нападот од Русија. На вакви напади беа изложени голем број институции во голем број држави особено членките на НАТО. Имаше сајбер напади во Албанија и Црна Гора. Моментално тимовите на Министерството за здравство и ФЗОМ и други институции работат со експерти од Германија и од други партнерски држави за да се реши проблемот со хакерскиот напад во Фондот за здравство бидејќи моментално не може да функционира трезорот и исплатата на финансиските средства по различни основи, изјави Ковачевски.

Инаку, ransomware е малициозен софтвер кој користи шифрирање за да ги заклучи информациите на жртвата и потоа за нивно ослободување да се бара откуп.

17.02.2023 - 10:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега