Даравелски излезе од Идризово

 

Поранешниот директор на Царина, Драган Даравелски, кој минатиот месец беше уапсен на граничниот премин Табановце при обид за влез во државава, откако по промената на власт во 2002 година пребегна во Србија, е пуштен на слобода.

Од КПД Идризово Даравелски бил пречекан со два автомобили, и како што објави Телма, не дал изјава.

Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје вчера соопшти дека е дозволено повторување на кривичната постапка против Драган Даравелски кој беше осуден на седум години затворска казна за кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување.

Според пресудата, тој го оштетил државниот буџет за 2,5 милиони евра во периодот од 1999 до 2002 година. Министерството за правда повеќе пати побара негова екстрадиција, откако тој пребегна во Србија. Даравелски беше уапсен во Белград во 2016 година по потерница од македонските власти, но тогаш српските власти не го екстрадираа, бидејќи имал српско државјанство.

15.02.2023 - 19:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега