Уплатил само 2 евра и “лапнал“ 21 милиони евра
Словенец, чие име не е објавено, ја заработи првата награда од рекордни 21 милиони евра на големата лотарија Евроџекпот. Словенецот го уплатил тикетот од 2,20 евра, близу Љубњана.
Добитникот ќе мора да плати данок на добивка од 15%.
Досега најголемата добивка ов историјата на лотаријата во Словенија, била 5 милиони евра.
Меѓународната лотарија Евроџекпот се игра во 14 земји. Досега џек-потот се паднал 6 пати во Германија, два пати во Финска и по еднаш во Данска, Норвешка, Италија и Словенија.
08.12.2013 - 12:16
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа