Британското разузнавање: Русија трпи најголеми загуби од првата недела на инвазијата

 

Најновите разузнавачки информации од Министерството за одбрана на Велика Британија велат дека во текот на изминатите две недели, Русија веројатно претрпела највисока стапка на жртви од првата недела од инвазијата на Украина.

„Иако одбранбеното разузнавање не може да ја потврди методологијата на Украина, трендовите што ги покажуваат податоците се веројатно точни.

Во просек, во последните седум дена имало по 824 жртви дневно, што е над четири пати повеќе од стапката пријавена во периодот од јуни до јули 2022 година“, се вели во објавата.

12.02.2023 - 14:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега