Сирискиот претседател по катастрофалниот земјотрес со критики за Западот

 

Сирискиот претседател Башар ал Асад ги критикуваше западните земји во своите први телевизиски коментари по земјотресот со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала што погоди делови од земјата пред пет дена, објавија сириските државни медиуми.

Асад и неговата сопруга Асма беа во повеќе места погодени од земјотресот и ги посетија преживеаните во болницата во Алепо.

Стоејќи во близина на зградата уништена во земјотресот, Асад им рече на новинарите дека западните земји „не се грижат за луѓето“. Овој коментар е во согласност со изјавите на владините претставници и сириските државни медиуми, кои недостигот на хуманитарна помош и попречувањето на опремата за спасување го припишуваат на санкциите од САД и ЕУ.

САД велат дека нивните санкции не се наметнати на хуманитарни напори, а вчера американското Министерство за финансии издаде 180-дневна „Општа лиценца“ со која ги одобрува сите трансакции поврзани со помош по земјотресот, кои инаку се забранети според прописите за санкции. Сириското Министерство за надворешни работи ја нарече мерката средство за создавање „лажен впечаток на загриженост за луѓето“, соопшти САНА. 

11.02.2023 - 14:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега