Костадиновска-Стојчевска: Работиме на зачувување на Охридскиот регион со статусот кој го има и со унапредување

 

Работиме на зачувување на Охридскиот регион со оној статус кој го има и со унапредување, бидејќи само така може да го потврдиме статусот доделен од УНЕСКО, посочи министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција.

Таа информира дека неодамнешната посета во Париз била со единствена цел – информирање на релевантните страни за тоа како се одвива заштитата на охридскиот регион во однос на зачувување на статусот на УНЕСКО.

- Задоволна сум од соработливоста од сите засегнати страни во однос на зачувување на овој статус. Ова воопшто не е лесен и едноставен процес но секоја од засегнатите страни, министри, локални самоуправи и агенции кои се дел од овој процес од креирање на оваа легислатива која го регулира статусот на Охридскиот регион како заштитен под УНЕСКО се навистина максимални и даваме се од себе за тоа да продолжи со истата динамика, рече Костадиновска-Стојчевска.

Кон крајот на минатата година, додаде министерката, имале неколку состаноци заедно со миистри, градоначалници  и директори на соодветните агенции како и одделот заштита и Управата за заштита на културно наследство и оти работат на зачувување на Охридскито регион со оној статус кој го има и со унапредување. 

10.02.2023 - 11:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега