Средба Ахмети - Липавски: Уставни измени како итна потреба
Претседателот на Демократската унија за интеграција, г-дин Али Ахмети денеска оствари средба со министерот за надворешни работи на Чешката Република, г-дин Јан Липавски.
Претседателот Ахмети му се заблагодари на министерот Липавски за неговата посветеност и придонесот на Чешката Република во процесот на отворање на преговорите меѓу Република Северна Македонија и Европската Унија, додека билатералните односи меѓу двете земји се опишани како пријателски, а соработката меѓу двете земји треба да продолжи со цел унапредување на заедничката агенда.
На средбата претседателот, Ахмети и министерот Липавски, разговарале и за политичката состојба во земјата и регионот, скрининг процесот, патот кон интеграцијата во ЕУ, енергетската криза, реформите и борбата против криминалот и корупцијата.
Двајцата соговорници истакнаа дека од особено значење е процесот на уставните измени да заврши што е можно поскоро за да се елиминираат предизвиканите доцнења за земјата и нејзините граѓани, додека Липевски додаде дека забрзувањето на евроинтеграциите е во заедничка корист како за Република Северна Македонија така и за ЕУ, потврдувајќи ја чешката позиција дека Западен Балкан е важен и неделив дел од европското семејство.
Претседателот Ахмети рече дека овој процес треба да се изведе со помош на Брисел и Вашингтон, како што се спровеле и сите други прашања.
Ахмети нагласи дека земјата од овој процес ќе излезе како победник како што излезе победник со членството во НАТО, без никакви лоши последици за државата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа