Сали ги повика заинтересираните здравствени работници да се пријават во хуманитарните активности во Турција
Министерот за здравство Беким Сали преку социјалните мрежи упати јавен повик до здравствените работници.
-Ве повикувам сите кои сте подготвени да учествувате во тековните хуманитарни активности во Република Туркије по разорниот земјотрес. Вашето знаење и искуство во областа на медицината се непроценливи, а секоја помош во вакви случаи е добредојдена. Доколку сте заинтересирани да учествувате, пополнете го формуларот на линкот подолу, а ние ќе обезбедиме дополнителна логистика, напиша Сали.
Ги повика здравствените работници да се придружат и да ја покажат солидарноста и знаењето со цел, како што наведува, да им се помогне на оние на кои навистина им се потребно.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа